Енергетската ефикасност табу тема за Македонија, но и за земјите на ЕУ

Bez autora
Jun 30 2011

Примена на енергетската ефикасност во градежниот сектор не е проблем само за Македонија, туку и за земјите-членки од Европската унија. Иако Европската комисија има посебен фонд за регионален развој со осум милијарди евра на располагање за енергетска ефикасност во домувањето, сепак досега ниту една земја-членка не искористила ниту едно евро. Европските земји во моментов се на половина пат до неопходното намалување на трошоците на енергија од 20 проценти за подобра енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија од 20 проценти што треба да се реализира до 2020 година. Реално нема шанси ова да се постигне до 2020 година и затоа Комисијата реагира со Предлог-директива за енергетска ефикасност со цел таа да се унапреди.

Енергетската ефикасност табу тема за Македонија, но и за земјите на ЕУПримена на енергетската ефикасност во градежниот сектор не е проблем само за Македонија, туку и за земјите-членки од Европската унија.

Иако Европската комисија има посебен фонд за регионален развој со осум милијарди евра на располагање за енергетска ефикасност во домувањето, сепак досега ниту една земја-членка не искористила ниту едно евро.

Европските земји во моментов се на половина пат до неопходното намалување на трошоците на енергија од 20 проценти за подобра енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија од 20 проценти што треба да се реализира до 2020 година. Како што појасни Македонка Димитрова, универзитетски професор, реално нема шанси ова да се постигне до 2020 година и затоа Комисијата реагира со Предлог-директива за енергетска ефикасност со цел таа да се унапреди.

Според неа Македонија како земја-аспирант за влез на ЕУ тешко дека ќе може да фати чекор со оваа проблематика и затоа ќе мора да плаќа пенали.

- Националната стратегија за енергетска ефикасност и акциониот план за енергетска ефикасност предвидуваат мерки во повеќе сектори, како комерцијалниот и комерцијално-услужниот каде ако сега се преземат инвестиции, би се заштедило 40 проценти, а со либерализацијата на пазарот зголемувањето е двојно - рече Димитрова на тркалезната маса Неповолни услови за кредитирање или ниска свесност за реалните трошоци за интелигентно градење", што вчера се одржа во Стопанската комора на Македонија.

Европската комисија во извештајот информира дека клучниот проблем зошто нема инвестиции токму во овој сектор е поради недоволната информираност на самите институции што ги користат овие средства. Од Комисијата упатуваат на недоволната флексибилнсот на програмите во јавниот и приватниот сектор.

И македонските компании не се доволно информирани. Тие треба да ги земат предвид и законите што го регулираат овој сектор и правилниците за енергетски карактеристики на зградите со коишто треба да ги сертифицираат објектите во однос на нивната потрошувачка.

- Според Законот за домување доколку зградите се здружат, можат заеднички да аплицираат за одредени фондови за да ја подобрат нивната енергетска ефикасност, бидејќи придобивката и повратокот на инвестицијата е поголема во овој случај - вели Димитрова.

Игор Петрушевски, локален координатор на проектот ЕУбилд енергетска ефикасност" информира дека по дискусијата со финансискиот сектор, бизнис-секторот односно компаниите што се поврзани директно или индиректно со енергетската ефикасност во градежниот сектор, се очекува да се постигнат целите на проектот коишто предвидуваат и изработка на прирачник. Тој треба во практиката да ја подигне проблематиката за финансирање на енергетската ефикасност во градежниот сектор на повисоко ниво и да го разработи пазарот на енергетски ефикасни производи.

- Постојат значителен број финансиски можности, но за жал оние што треба да ги користат тие средства не се доволно запознаени со процедурата за нивното користење. Во делот што се однесува за банките, нивната инволвираност не е доволна за овие финансиски инструменти да бидат поприфатливи за граѓаните. Процедурата е сопрена во повеќе сегменти затоа целта на проектот е да се сослушаат сите страни инволвирани во него - вели Петрушевски.

Според него енергетската ефикасност во земјава не е на високо ниво во земјата пред се заради пазарните услови. Мала е свеста кај корисниците дека со малку поголема инвестиција ќе имаат поголем бенефит.

Законската регулатива е на почеток, а таа треба да ги обврзи градежните кокмпании и бизнис-секторот задолжително да инвстираат во материјали и системи коишто се енергетски ефикасни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik